Рома се намачи со Комо: Пресврт на „Олимпико“ за нова победа на „волчицата“ (ВИДЕО)

49

Фудбалерите на Рома со пресврт го совладаа Комо со 2-1 во натпреварот од 27. коло во италијанската Серија А. По првото полувреме, екипата на Комо изненади и успеа на пауза да замине со предност од 0:1, откако Лука де Куња погоди во 44. минута.

Во вториот дел Алексис Салемакерс (1:1) и Артем Довбик (2:1) направија пресврт и го донесоа четвртиот последователен триумф за „волчицата“, кој ја носи на осмото место со 43 освоени бода.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноРаботнички во неизвесна завршница славеше против Тиквеш
СледноЛено е херојот на Фулам: Манчестер Ј. на пенали елиминиран од ФА Купот (ВИДЕО)