Тимот на Холстен Кил моѓеби освои спасоносни бодови сезонава. Откако денеска на гостински терен триумфираше кај тимот на Унион Берлин со 0:1.
Одлучувачкиот гол е дело на Армин Гиговиќ во 22. минута од мечот, погодок кој што се покажа и како единствен на овој меч.
И пред тоа, но и потоа, домаќинот се обидуваше со сите сили да постигне гол, и да дојде до поволен резултат, но сепак, не успеа во тоа.
Холстен Кил со овој триумф стигна до 16. бод сезонава и колку толку си ја поправи ситуацијата на табелата. Од друга страна Унион Берлин си ја искомплицира ситуацијата и остана на своите 23. досегашни бодови.