Њукасл ќе остане без еден од најдобрите играчи за финалето со Ливерпул?

353

Еден од најдобрите фудбалери на Њукасл, Ентони Гордон најверојатно ќе го пропушти финалето на англискиот Лига куп против Ливерпул, поради тоа што денеска во осминафиналето на ФА Купот заработи црвен картон на мечот со Брајтон.

Крилниот напаѓач на Њукасл доби директен црвен картон од судијата Ентони Тејлор поради насилното туркање на дефанзивецот Жан Пол ван Хеке од Брајтон (1:2).

24-годишниот играч се соочува со суспензија од три натпревари. Доколку жалбата на Њукасл биде неуспешна, тоа ќе значи дека тие ќе мора да играат во финалето на Карабао купот против Ливерпул на 9 март без својот можеби и најдобар играч.

ПретходноМарк Маркез со победа на Тајланд ја отвори новата Мото ГП сезона
СледноЛацио во самиот финиш го совлада Милан