Факт е дека фудбалот во последните неколку години драматично се промени. Ништо веќе не е исто. И не само поради далеку поголемиот број на натпревари, јасно дека тука се и поголеми парим, а и поради социјалните мрежи.
Токму на оваа тема свој став има и менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим кој зборуваше за тоа како играчите се справуваат со критиките.
„Мислам дека сега е поинаку за играчите. Порано имаше само весници и ништо друго. Со појавата на социјалните мрежи, ситуацијата се промени. Не можете да одите на социјалните мрежи без да видите вести или фотографија. Ако прочитате нешто лошо, ќе се фокусирате на тоа. Може да имате 100 добри работи, но една лоша работа, и се фокусирајте на тоа. Мислам дека им е многу тешко. Може да го наречете мекост, но тие имаат пристап до критики со кои е тешко да се справат. Ним им треба помош. Ова е модерен фудбал и тие мора да бидат подготвени за тоа“, рече главниот тренер на Манчестер Јунајтед.