Анчелоти одржал необична прес-конференција после поразот од Бетис

1958

Бетис на домашен терен го совлада Реал Мадрид со 2:1 во 26. коло од Ла Лига. Ова беше четврти пораз за Реал во шпанското првенство каде „падна“ на третото место.

Овој пораз доаѓа три дена пред осминафиналето на Лигата на шампионите со Атлетико Мадрид. Шпанскиот медиум As пишува дека тренерот Карло Анчелоти одржал „невообичаена прес-конференција, студена и напната, по мечот и „не го криел бесот, но пред се бил разочаран.

Италијанскиот стручњак изјави дека „нема да го победат Атлетико во вторник ако играат вака“ и се надева дека тоа ќе ги разбуди.

„Може да биде многу скапо да се загуби во оваа фаза бидејќи сите тимови се мачат. Не одигравме добар натпревар“, рече Анчелоти, а Ас додаде дека паузите меѓу неговите реченици биле „како тишина каде што го гризе јазикот“. 

„Почнавме добро, но не можевме да го одржиме ритамот. Ја изгубивме контролата врз играта против екипа која одигра подобро и заслужи да победи. Да, ова е тежок удар. Мора да реагираме. Скапо е да се изгуби во оваа фаза бидејќи сите се борат. Не одигравме добар натпревар“. 

Тој вели дека го загубиле почетниот ритам и дека лесно ја губеле топка.

„Не знам, не сум во главата на играчите. Но, она што се случи е што го загубивме почетниот ритам и не се позициониравме добро како во првите 20 минути. Потоа, малку по малку почнавме да ја губиме топката, 27 пати во првото полувреме. Тоа е премногу. И Бетис се врати“. 

Беше запрашан и зошто го заменил Мбапе?

„Имаше проблем со забите, не тренираше многу и не беше во најдобра состојба. Тоа беше очигледно. Затоа, за да нема проблеми, претпочитав да го извадам и да го донесам Ендрик. Мбапе не тренираше многу и не беше на 100 проценти“.

ПретходноПМФЛ: Шампионот со Илчо на клупата ќе го освојува Кратово!
СледноПМФЛ: Работнички му гостува на Гостивар, Шкендија и Шкупи сакаат “три од три“