Барселона го демолираше Реал Сосиедад и се зацврсти на врвот во Ла Лига (ВИДЕО)

160

Фудбалерите на Барселона моќно го совладаа Реал Сосиедад на домашен терен со 4:0 и потсетија дека и натаму се прв фаворит за титулата во Ла Лига оваа сезона. Каталонците по денешниот триумф се осамени на врвот на табелата, пред лутите мадридски ривали Атлетико и Реал.

Барса денеска имаше извонредни две полувремиња во кои постигна четири, а слободно можеше да погоди уште неколкупати. Херардо Мартин, Марко Касадо, Роналд Араухо и Роберт Левандовски беа стрелци на победничките голови, а за истакнување е дека гостите од 17. минута играа со играч помалку, откако Елустондо заработи директен црвен картон по прекршокот над Дани Олмо.

Барса денеска упати 30 удари кон голот на ривалот, додека Реал Сосиедад немаше ниту еден удар.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноЕнрике пред спектакл: ПСЖ нема страв од Ливерпул
СледноКостиќ ја однесе Босна во плеј-офот во шампионатот на БиХ