ГОК Борец го доби дербито со Работнички во 5. коло од плеј-офот

78

Во малото дерби на петтото коло од втората фаза на натпреварите во плеј-офот во домашниот одбојкарски шампионат, екипата на ГОК Борец на домашен терен успеа да го совлада скопски Работнички со 3:1. Ова воедно беше и најинтересниот меч од горниот дел на табелата во домашното првенство.

Шампионот Струмица без проблеми со максимални 3:0 славеше на гости кај Универзитет во Тетово, а убеднив беше и Штип УГД, кој на гости во Тетово против Шкендија однесе идентична победа.

Во плеј-аут делот „максималки“ за Весна пробиштип и Сушево, додека Лирија му препушти само сет на Скопjе.

ПРВА ЛИГА (М) – Втора фаза 1 – 5 коло:

ГОК Борец –  Работнички 71&22 3:1 (22:25, 27:25, 35:33, 25:16)   

Шкендија – Штип УГД        0:3 (15:25, 17:25, 10:25)       

Универзитет во Тетово – Струмица       0:3 (14:25, 14:25, 11:25)    

ТАБЕЛА (ПЛЕЈ-ОФ): 1. Струмица (49), 2. Штип УГД (47), 3. ГОК Борец (37), 4. Универзитет во Тетово (30), 5. Работнички 71&22 (26), 6. Шкендија (26).

ПРВА ЛИГА (М) – Втора фаза 2 – 5 коло:

Скопје – Лирија        1:3 (25:22, 18:25, 16:25, 16:25)     

Сушево – Вардар 1947      3:0 (25:16, 25:20, 25:9)    

Весна Пробиштип – Јанта волеј 3:0 (25:17, 25:19, 25:23)    

ТАБЕЛА (ПЛЕЈ-АУТ): 1. Лирија (27), 2. Сушево (20), 3. Скопје (18), 4. Вардар 1947 (15), 5. Македонија Џио (13), 6. Весна Пробиштип (12), 7. Јанта Волеј (3).

ПретходноЛено е херојот на Фулам: Манчестер Ј. на пенали елиминиран од ФА Купот (ВИДЕО)
СледноФА куп ждрепка: Манчестер Сити против Борнмут, Фулам во лондонско дерби