Еберл за Кимих: Никој не е поголем од Баерн (М)!

114

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл ја коментираше одлуката на клубот да ја повлече понудата до Џошуа Кимих за нов договор. Договорот на играчот од средниот ред истекува на крајот од сезоната. Немањето дефинитивен одговор од германскиот интернационалец ги налути баварските газди и тие решија да ја повлечат понудата.

„Генерално кажано, никој не е над клубот. Ако играчот одлучи поинаку, тогаш одлучува поинаку. Работите ќе продолжат на ист начин во Баерн. Не сме во таа фаза со Кимих“, изјави Еберл.

Во Германија сметаат дека вратата за Кимих во Баерн не е целосно затворена. Договор меѓу двете страни можеби сепак ќе биде постигнат, но тој нема да биде

со исти параметри, туку многу пониски.

ПретходноПМФЛ: Работнички му гостува на Гостивар, Шкендија и Шкупи сакаат “три од три“
СледноКонте: Интер е тим кој тешко се победува, но заслуживме повеќе!