Лидерот минимално против Тиквеш, Силекс го „разби“ шампионот, Работнички „промаши“ 0:0 со Гостивар (ВИДЕО)

776

Туку што заврши 21. коло од тековниот ПМФЛ шампионат, во кој што горе долу што се вели фаворитите да оправдаа фаворитската улога.

Во Тетово, тимот на Шкендија со конечни 1:0 го совлада тимот на Тиквеш. Одлучувачкиот погодок на дуелот го постигна Адаму Алхасан во 35. минута, малтене од корнер ситуација што се вели. Ибраими изведе, а Алхасан со пета маестрачно на „втора“ во мрежата на Димовски.

Од дуга страна пак, тимот на Силекс и тоа како се рехабилитираше од елиминацијата во купот со 3:1 победа против екипата на Струга Трим Лум во Кратово.

Веќе по половина час домаќинот имаше водство од 2:0 преку голвите на Хрвановиќ и Усман, по што јасно беше каде ќе се движат нештата на овој меч. Гостите намалија на 2:1 пред полувреме, но Ади Алиќ кој што е во голема форма пролетва повторно погодува и ги поставува конечните 3:1.

Шкупи супериорно против Пелистер

Од друга страна пак тимот на Шкупи со головите на Џемаил Имиши на два пати и Нуман Ајети на свој терен го совлада Пелистер со конечни 3:1. Домаќинот доминираше во секој сегмент од фудбалската игра на овон меч па нормално е што епилогот на мечот е ваков.

Работнички не ги искористи своите шанси

На стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје, Гостивар во улога на домаќин во мечот со Работнички одигра само 0:0. И тоа домаќинот треба да е среќен што одови бод на овој меч затоа што Работнички и тоа како имаше повеќе од играта, создаде шанси кои не ги искористи.

Воска не се дава сезонава

Конечно, во Охрид, тимот на Воска исто така со 3:1 ја победи Брера и дополнително си ја подобри ситуацијата на табелата пролетва. Виноградац, Осеи и Адеми за 3:0, додека Нзендгуе го постави копнечниот резултат во послендите моменти од мечот.

 

Резултати:

Гостоивар – Работнички 0:0

Силекс – Струга ТЛ 3:1

Воска – Брера 3:1

Шкендија – Тиквеш 1:0

Шкупи – Пелистер 3:1

Табела:

Шкендија 46, Силекс 41, Работнички 41, Гостивар 40, Струга ТЛ 32, Шкупи 31, Пелистер 23, Брера 20, Воска 18, Вардар 17, Тиквеш 15, Беса 15

ПретходноИнзаги: Се соочивме со противник кој игра остро, момците дадоа се од себе
СледноРаботнички може да жали што не го победи Гостивар (ФОТОГАЛЕРИЈА)