Мареска ќе остане во Челзи, без разлика на пласманот на крајот на сезоната

78

Челзи не размислува за промена на тренерот и покрај падот на формата и резултатите на тимот. Лондончани победија само на една од последните четири средби и претрпеа три порази.

Инсајдерот Фабрицио Романо тврди дека односот кон Енцо Мареска во оваа фаза од сезоната е сосема поинаков од оној кон Маурицио Покетино пред една година. И управата и играчите веруваат во Италијанецот и дека тој ќе стане еден од најдобрите стратези во лигата.

Челзи инсистира дека Мареска е недопирлив и се смета за клучен дел од проектот. Клубот во секој случај ќе продолжи да соработува со него, без разлика како ќе поминат последните месеци од сезоната.

ПретходноЛацио во самиот финиш го совлада Милан
СледноДоминација на Лука Дончиќ во ЛА, Бостон го раскрвари Јокиќ (ВИДЕО)