Марк Маркез со победа на Тајланд ја отвори новата Мото ГП сезона

58

Возачот на Дукати, Марк Маркез е првиот победник во Мото ГП на стартот на новата сезона. Тој денеска триумфираше на воведната трка од новата Мото ГП сезона која се возеше на Тајланд.

Исто како и на вчерашниот спринт, покрај Маркез на подиумот се искачија и неговиот брат Алекс на Гресини и Франческо Бањаја на Дукати. Марк Маркез ја освои првата трка во сезоната за првпат по 11 години, а првпат по шест сезони е водечки во светскиот шампионат.

Франко Морбидели ја заврши трката на четвртото место, пред дебитантот Аи Огура, кој исто така остави одличен впечаток на неделната трка.

Сезоната продолжува со трката за ГН на Аргентина од 13-16 март.

ПретходноФА куп ждрепка: Манчестер Сити против Борнмут, Фулам во лондонско дерби
СледноЊукасл ќе остане без еден од најдобрите играчи за финалето со Ливерпул?