Во рамките од тековното 20. коло од домашната ракометна Суперлига, тимот на Пелистер како фаворит нормално, успеа да слави на гостински терен кај Радовиш со конечни 24:39.
Огромната фавориста улога која ја имаа гостите се покажа на дело уште од стартот на мечот, откако од резултат 2:2, Пелистер многу бргу направи да биде 2:11.
Потоа се беше сведено на рутина, односно на тоа колку Пелистер ќе има мотивација со полна снага да го доигра мечот.
Во гостинскиот состав ги немаше најдобрите поединци, кои добија одмор на овој меч, па затоа во листата на стрелците најдобри Дејан Манасков со десет гола, а по пет впишаа Петровиќ, Ристевски и Борзаш.