ПМФЛ: Работнички му гостува на Гостивар, Шкендија и Шкупи сакаат “три од три“

162

Попладнево од 14 часот на програмата се пет натпревари од 21.коло, претпоследно од вториот круг во тековната сезона во ПМФЛ. Вчера Вардар на Арената во Скопје одигра 0:0 со Беса.

Во ова коло имаме две дербија. Првото е во Кратово каде Силекс го дочекува тимот на Струга ТЛ, а второто се игра на Маџари каде Гостивар како домаќин ќе го дочека Работнички.

Оваа средба ќе биде екстра значајна и за двете екипи. Кој ќе победи и натаму ќе и биде зад петиците на Шкендија, поразениот тим и тоа како ќе се ги намали шансите во битката за тронот.

Тетовци, кои имаат две победи во првите два меча, го дочекуваат Тиквеш и ако одиграат како што треба, тогаш јасно е дека кавадарчани ќе се имаат големи проблеми. Сепак Тиквеш знае да одигра најдобро против најдобрите и под Шара се е можно.

Воска на свој терен во Охрид се среќава со Брера, ова е меч за опстанок.

Шкупи исто како и Шкендија посакува “три од три“, токму против Пелистер на Чаир.

ДВОЈКИ ЗА 21.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Тетово: Шкендија – Тиквеш

Кратово: Силекс – Струга ТЛ

Скопје: Гостивар – Работнички

Охрид: Воска – Брера

Скопје: Шкупи – Пелистер

ВЧЕРА

Вардар – Беса 0:0

ТАБЕЛА

Шкендија 43, Работнички 40, Гостивар 39, Силекс 38, Струга ТЛ 32, Шкупи 28, Пелистер 23, Брера 20, Вардар 17, Тиквеш 15, Беса 15, Воска 15….

ПретходноАнчелоти одржал необична прес-конференција после поразот од Бетис
СледноЕберл за Кимих: Никој не е поголем од Баерн (М)!