По голема борба во последните две минути од натпреварот, кошаркарите на Работнички славеа на домашен терен против Тиквеш со 82:77 во последниот меч од 18. коло во Мтле Првата лига на Македонија. Со оваа 11-та победа сезонава, Работнички успеа да се израмни со МКК Куманово и Пелистер на делба на 3. место на табелата.
Тимот на Самарџиев беше подобрар во првиот дел од мечот, кога и успеа да направи предност од 8 поени со кои замина на полувреме (43:35). Во вториот дел гостите од Кавадарци значително ја подобрија играта и со тоа во последниот период успеаја да го внесат мечот во голема неизвесност.
На крајот Работнички оддолеа на нападите на противникот, а со поените од линијата за слободни фрлања на Ѓуроски, само ја потврди победата.
Ѓуроски и Ефремовски со по 16 поени беа најефикасни кај домашните, додека кај екипата на Тиквеш вечерва Хил беше најефикасен со 19 поени.