Во вториот термин од пденешната програма од Серија А, тимот на Болоња триумфираше со 2:1 на домашен терен против тимот на Каљари, додека пак Џенова и Емполи ремизираа 1:1.
Иако Каљари поведе со голоти на Пицоли во Болоња сепак на прајот остана со празни раце. Со двата гола на Орсолини во вториот дел, домаќинот дојде до комплетен пресврт и трите бода.
Од друга страна пак, и Емполи преку Граси поведе во Џенова, но домаќинот на овој меч успеа да стигне само до реми. И тоа со автоголот на Силвестри на десет минути до крајот.