Федерика Брињоне е несопирлива сеознава. Италијанката предмалку ја обезбеди 35. победа во кариерата во Светскиот куп, а осма сезонава во супевелеслаломот кој се одржа во Квитфил.
Таа со време од 1:30:11 прва мина низ целта, додека пак на втората позиција се пласираше Лара Гут Бехрами со само шест стотинки заостанување. трета на пиедесталот се искачи Софиа Гоџа со девет стоти делови од секундата заостанување.
Во генералниот пласман Брињоне секако води со 1094 поени токму пред Бехрами со 863 поени и Зринка Љутиќ со 753.