Лено е херојот на Фулам: Манчестер Ј. на пенали елиминиран од ФА Купот (ВИДЕО)

99

Фудбалерите на Фулам се претпоследниот учесник во четвртфиналето на ФА Купот на Англија, откако вечерва на „Олд Трафорд“ по подобро изведување на пенали го елиминираа Манчестер Ј. Мечот во регуларните 90 минути заврши 1:1, а немаше промена на резултатот ниту по дополнителните 30 минути.

Инаку, во регуларниот дел на мечот гостите поведоа со голот на Бејси во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме, па Манчестер Ј. со големи напори успеа да се врати за израмнување со голот на Бруно Фернандеш во 71. минута.

Во дополнителните 30 минути, Манчестер Ј. имаше неколку шанси да го реши мечот, но неверојатниот гостински голман Бернд Лено не дозволи пораз за Фулам. Токму Лено ги реши и пеналите. Откако по првите три серии и двата тима погодија по трипати, Лено во четвртата серија му го одбрани пеналот на Линделоф, а потоа во петтата го запре и Циркзе и со тоа го испрати Фулам во четвртфиналето.

ПретходноРома се намачи со Комо: Пресврт на „Олимпико“ за нова победа на „волчицата“ (ВИДЕО)
СледноГОК Борец го доби дербито со Работнички во 5. коло од плеј-офот