Се ближи УЕФА репрезентативниот прозорец во месец март во кој сите наши селекции ќе имаат ангажман.
Сениорите одат во Лихтенштајн за да ги стартуваат квалификациите, додека пак, репрезентацијата до 21. година заминува во Анталија. Секако, на чело со новиот селектор Горан Станиќ кој што овој термин ќе го искористи за дополнително селектирање и проверка на актуелната генерација, 2005/06.
Младите репрезентативци ќе бидат во Турција десетина дека. Првиот тест меч ќе го одиграат против соодветната селекција на Белорија, на 21. март, додека пак вториот дуел е закажан за 25 март против репрезентацијата на Азербејџан.
Дефинитивната пак „генералка“ пред стартот на квалификациите за оваа генерација ќе се случи во јуни, кога ќе има уште еден пријателски меч. Квалификациите пак не ги започнуваме на пролет, туку наесен со гостувањето кај Полска на 5. септември, а на 9. септември ја пречекуваме Италија во Битола.