На Елиф му годи Италија… нов гол на Елмас за Торино (ВИДЕО)

1062

Елиф Елмас одново е стрелец за тимот на Торино. Тој и неговите соиграчи во моментов водат со 0:2, на гостувањето кај Монца, а нашиот интернационалец погоди за водство на гостите уште во првото полувреме.

Елмас зимава дојде во Торино на позајмица од РБ Лајпциг, откако во Германија речиси и да не доби шанса да заигра. Сега, откако се врати во Италија, очигледно дека нештата се променија и тој повторно се враќа во старата добра форма.

Веќе постигна еден гол, и тоа каков против тимот на Болоња, а еве денеска повторно е во листата на стрелците.

ПретходноБРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА АНДРЕЈ ВАСИЛЕВСКИ, УШТЕ ЕДЕН МЕДАЛ ОД Г1!
СледноКристоферсен победник на слаломот во Крањска Гора