Откако беше исклучен на дербито во хрватскиот шампионат со екипата на Хајдук (2:2), македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, им се извини на соиграчите и на навивачите на загрепските „модри“.
„На овој начин сакал да им се извинам на соиграчите и на навивачите за заработениот црвен картон на вака важен натпревар. Секогаш давам се од себе и секој дуел доаѓа од желбата да му помогнам на тимот. Денеска за жал тоа резултираше со исклучување со што им ја отежнав работата на соиграчите. Можам само да се извинам и да ветам дека нема да се предадеме. Се додека постои и најмала шанса за одбрана на титулата нема да се предадеме“, напиша Ристовски на социјалните мрежи.
Со денешното реми, Динамо (З) е трет на табелата во првенството на Хрватска со 7 бода помалку од лидерот Ријека и шест од второпласираниот Хајдук.