Хаотично дерби на Хрватска: Ристовски асистираше па поцрвене во ремито на Динамо и Хајдук

194

Ретко возбудливо и полно со настани дерби на Хрватска се одигра денеска. На Макримир во Загреб, екипите на Динамо и Хајдук одиграа 2:2 и на тој начин тимот од Сплит во голема мера си ги зголеми шансите конечно сезонава да дојде до титулат во домашниот шампионат по децении чекање.

Иако домаќинот поведе по само пет минути игра преку асистенцијата на нашиот Стефан Ристовски и погодокот на Батурина, сепак со автоголот на Фрањиќ се замина на полувреме со 1:1.

Рафаел Пјер Габриел погоди за ново домашно водство, а потоа во само пет минути поради два жолти картони доби, и авотматско исклучување токму Стефан Ристовски.

Следуваше офанзива на гостинот, кој што преку Филип Кровиновиќ во првата минута од судиското продолжение стигна до бод и конечни 2:2.

Иако се играше со 116 минута, сепак резултатот остана без промена.

 

ПретходноБолоња со триумф над Каљари, реми на Џенова и Емполи
СледноХолстен Кил со гостински триумг кај Унион Берлин