Холстен Кил со гостински триумг кај Унион Берлин

29

Тимот на Холстен Кил моѓеби освои спасоносни бодови сезонава. Откако денеска на гостински терен триумфираше кај тимот на Унион Берлин со 0:1.

Одлучувачкиот гол е дело на Армин Гиговиќ во 22. минута од мечот, погодок кој што се покажа и како единствен на овој меч.

И пред тоа, но и потоа, домаќинот се обидуваше со сите сили да постигне гол, и да дојде до поволен резултат, но сепак, не успеа во тоа.

Холстен Кил со овој триумф стигна до 16. бод сезонава и колку толку си ја поправи ситуацијата на табелата. Од друга страна Унион Берлин си ја искомплицира ситуацијата и остана на своите 23. досегашни бодови.

 

ПретходноХаотично дерби на Хрватска: Ристовски асистираше па поцрвене во ремито на Динамо и Хајдук
СледноЕнрике пред спектакл: ПСЖ нема страв од Ливерпул