Во заостанатиот меч од 17.коло во Евролигата, вечерва на свој терен составот на Париз беше поразен од Фенербахче со 83:87.
Треба веднаш да се каже дека македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс одигра уште еден одличен меч, забележа 22 поени и осум асистеции и беше најефикасен на средбата, но и тоа не беше доволно тимот на Париз да дојде до победа на оваа средба.
Домашниот состав одлично го отвори мечот, во првата чевртина имаше и +10 поени, но се чини дека пресуди третиот период кога Фенер и тоа како се врати во игра.
На крајот и покрај сите обиди на Шортс и другарите, турскиот тим успеа да дојде до екстра важна победа.