Консеисао: Никогаш не сум сретнал вакво нешто!

683

Тренерот на Милан, Серхио Консеисао минува низ тежок период на кормилото на „росонерите“. По синоќешниот пораз од Лацио (1:2), тимот е во серија од 4 натпревари без победа, а навивачите отворено го демонстрираа своето незадоволство од постапките и на управата на клубот и на играчите и тренерот. Според Консеисао, протестите на поддржувачите биле една од причините за загубата.

„Моментот не е лесен, тоа е јасно. Играчите чувствуваат што се случува околу нив. Единствениот начин да се излезе од оваа ситуација е да се работи и гордо да се бранат боите на клубот. Мораме да даваме се од себе секој ден за да ги оставиме нашите проблеми зад нас. Не сакам да зборувам за лоша среќа, но работите постојано се случуваат на наша штета и нашите ривали ја користат предноста“, изјави Консеикао.

Тој потенцира дека никогаш не се соочил со таква атмосфера, ниту како фудбаалер.

„Имавме малку време да се подготвиме. Ја коментиравме атмосферата на стадионот. Никогаш не сум сретнал вакво нешто. Бев фудбалер и знам како е навивачите да се незадоволни. Ако натпреварот не оди според вас, станува уште полошо. Видов карактер и желба кај момците, иако бевме покуси за еден човек. Играчите веруваат во тоа што го работиме, но ситуацијата не е лесна. Релативно неодамна сум тука, а натпреварите доаѓаат еден по друг и немаме можност да работиме тактички“, продолжи португалскиот стручњак.

ПретходноФлик: Ќе се бориме за сите трофеи
СледноНејмар постигна голчиште од слободен удар, па го облеа „ладна пот“ (ВИДЕО)