Луис Суарез со хет-трик и мајсторски гол (ВИДЕО)

227
Фото: Интер Мајами/Твитер

Интер Мајами одлично ја започна новата сезона, кој синоќа го совлада Хјустон со 4-1, а блескаше Луис Суарез.

Верувале или не, Суарез постигна хет трик во првото полувреме, но со асистенции. Намести три гола, а беше стрелец во убедливата победа (79. минута).

Откако пристигна во Интер Мајами, Суарез имаше импресивен учинок од 27 гола и 16 асистенции во само 41 натпревар.

Јасно е дека МЛС лигата е далеку зад најсилните, но за пофалба е што Суарез како ветеран продолжува да има импресивен настап.

ПретходноРоналдо одбил да оди на мечот од азиската ЛШ затоа што му се заканувале со камшикување?
Следно“Соседското“ дерби меѓу Работнички и Вардар се игра на ФФМ!