Тренерот на Барселона, Ханси Флик задоволно ја прокоментира победата над Реал Сосиедад (4:0). Тоа беше 15-ти последователен натпревар за Каталонците без пораз во сите натпреварувања и благодарение на него се вратија на првото место во Ла Лига.
„Не сум изненаден од перформансите на тимот. По поразот од Атлетико Мадрид во декември, реков дека игравме добро. Така продолжи и на следните натпревари. Концентрирани сме, имаме добар посед на топката и цврсто се браниме.
Работите можат брзо да се променат, па затоа не треба да ја губиме концентрацијата. Остануваат уште многу натпревари во Ла Лига, Копа дел Реј и Лигата на шампионите, но ние целиме кон сите трофеи. За секој од нив ќе се бориме до крај“, вети германскиот специјалист.
Стратегот на Барселона вели дека секогаш гледа на следниот меч, иако Барса се врати на врвот, веќе во преден план е дуелот со Бенфика.
„Не можам да кажам дека го имаме најдобриот среден ред во Европа или светот, но нашите играчи од средниот ред се секако на многу високо ниво. Секогаш гледам само на следниот натпревар. Не можам да замислам друг пристап. Ние сме на врвот на табелата во Ла Лига, но сега со мислите сме кон натпреварот со Бенфика“, додаде Ханси Флик.










