Утре на “Сантијаго Бернабеу“ спектакл. Во првиот меч од 1/4 финалето во Лигата на Шампионит, Реал Мадрид кој ја брани круната во најсилното европско клупско натпреварување, го пречекува Атлетико Мадрид. Ова ќе биде уште еден мега – дуел меѓу двата градски клуба од Мадрид.
Во пресрет на утрешниот дуел, стратегот на “кралевите“ Карло Анчелоти покрај другото истакна:
“Го почитувам Симеоне, тој е одличн тренер, но немам намера поради Атлетико Мадрид да го менувам стилот на игра и менталитет на Реал. Ние и утре ќе играме со тројца напаѓачи, нема да го засилувам средниот ред. Дерби како дерби. Секако дека тоа е посебен дуел во смисла на емоции и притисок. Ќе биде тесно и израмнето, што и да се случи утре јасно е дека севкупниот победник ќе се знае по реваншот следната недела“ посочи Дон Карло.