ФА Куп: Нотингем е последниот четвртфиналист!

170

Иако се очекуваше да биде полесно за “шумарите“ во последниот осминафинален меч во ФА Купот, сепак тие и тоа како се изнамачија да стигнат до следната фаза каде за ривал ќе го имаат составот на Брајтон, и тоа на свој терен.

Фудбалерите на Нотингем и Ипсвич откако и по 120 минути одиграа 1:1, мораше да изведуваат пенали за да се дојде до победникот.

Во пенал – серијата домашните имаа повеќе среќа во таа драма и на крајот се радуваа.

Гостите во петтата серија промашија преку Тејлор и тоа беше решавачко, дотогаш сите девет удари од страна на двете екипи беа успешно реализирани.

Да кажеме дека гостите поведоа со голот на Хирст во 53.минута, за да “шумарите“ израмнија на 1:1 во 68.минута преку Јетс.

ПретходноПеп е господин: Познато е со каков пијалок менаџерот на Сити го пречека во својата канцеларија тренерот на Плимут! (ВИДЕО)
СледноУжас за Далас: Повредениот Ирвинг го донесоа до линијата за слободни! Шеј Гилџес – Александер броеше до 51! (ВИДЕО)