По цели 80 години и тоа по вторпат во својата богата историја, ФК Црвена Звезда ќе игра со жолти дресови и тоа на 16 март против Спартак Суботица на свој терен.
Познато е дека најтрофејниот екс-југослевенски и српски клуб, поранешен шампион на Европа од 1991 година, овој месец го прославува својот 80-ти роденден.
Во чест на годишнината на основањето на клубот и во чест на својот прв одигран натпревар, кога играите на Ц.Звезда носеле жолти дресови и со петокрака како грб на клубот, така ќе биде и против Спартак.
Интересно во секој случај, ретко кој од фановите на “црвено – белите“ знае дека токму на тој прв меч овој клуб носел жолти дресови.
Противник бил тимот на елитната единица на Првата пролетерска Дивизија.










