Влатко Тасевски ќе биде в.д. генерален секретар на РФМ

265

Новото раководство на Ракоментата Федерација на Македонија, поточно новиот управен одбор, денеска одржа седница, на која што беа донесени одлуки кои директно се упатени кон функционирањето на институцијата во периодот кој што следува.

Новиот управен одбор денеска одлучи четири комисии да добијат нови членови, а секако РФМ ќе добие и нов генерален секретар.

Новиот претседател на РФМ, Александар Стефанов го предложи досегашниот директор на репрезентацијата, Влатко Тасевски за нов генерален секретар.

Дисциплинската комисија на РФМ ќе ја раководи професорот Среќко Георгиевски, познато ракометно име и тој треба да формира комисија. Претседател на Арбитражна комисија ќе биде адвокат Борко Бајалски кој треба да ја формира и комплетира комисијата. Горан Милошевски ќе ја води Реигистрациската. Сите имаат обврска да го информираат РФМ за изборот што побрзо за да се запази натпреварувачкиот дел.  Беше одредена и Комисија за спроведување на постапката за избор на генерален секретар.

Влатко Тасевски до спроведување на одлуката ќе биде в.д. генерален секретар. Досегашниот генерален секретар ја доби првата благодарница од новото раководство и им посака среќа на своите наследници во федерацијата.

ПретходноСелекторот Стојановиќ одбра за пријателските мечеви против Полска и Алжир
СледноБарселона нема да се врати на Камп Ноу оваа сезона