Милијардите од продажбата на Челзи сеуште се “замрзнати“ во банка!

174

Парите од продажбата на Челзи, сеуште се недопрени во банка во В.Британија. Ова го пренесува порталот “Атлетик“.

Имено иако во мај ќе се навршат три години од продажбата на клубот кога Тод Боли го купи од Роман Абрамович, станува збор за 2,5 милијарди фунти, но тие пари засега никој не ги искористил, а се знае и зошто.

Познато е дека тогаш беше најавено дека тие пари ќе се искористат за хуманитарни цели во Украина откако беше нападната од Русија. Исто така е познато дека властите во В. Британија просто го натераа рускиот тајкун да го продаде Челзи. Абрамович тоа го стори, а притоа и се пофали дека тие пари ќе одат не во негов џеб туку во хуманитарни цели во Украина.

Сепак од тогаш па до сега тие милијарди се недопрени. Организацијата која ги регистрира и регулира добротворните организации во Англија потврди дека не добиле апликација за основање фондација за дистрибуирање на парите собрани од продажбата на Челзи.

Интересно во секој случај.

ПретходноРечиси цела кариера ја мина во Реал, ама некогашната ѕвезда на Барса му е како брат!
СледноСелекторот Стојановиќ одбра за пријателските мечеви против Полска и Алжир