Хаос во Загреб: Фрлена бомба во дворот на најпознатиот хрватски менаџер кој соработува со Дани Олмо!

732

Ноќеска нешто после полноќ, како што пренесуваат медиумите во Хрватска, била фрлена бомба која експлодирала во дворот на најпознатиот хрватски менаџер или агент ако сакате, Енди Бара. Тој е поранешен фудбалер а сега важи за еден од најпознатите менаџери во фудбалска Европа. Токму тој е виновен што еден Дани Олмо на времето дојде во Динамо Загрен и уште важи за еден од блиските соработници на шпанската мега – ѕвезда која сега игра во Барселона.

Инаку повредени нема, но затоа има материјална штета. Засега нема детали за сторителите, истрагата е во тек како што се пренесува од Загреб.

ПретходноПотешко не можеше: Пеколна ждрепка за Новак на Индијан Велс!
СледноМеси со нов имиџ, коментарите на фановите се различни!