Попладнево од 14 часот се играат сите осум средби од 19.коло во Втората лига на Македонија. По поразите во саботата, Македонија ЃП и Брегалница денеска се на поправен испит што се вели. “Лавовите“ дома го пречекуваат Новаци а Брегалница под Исарот игра со Вардарски. По оставката на Трајче Сенев, штипјани ќе ги предводи Ристе Наумов. Се разбира дека се очекуваа победи на домашните екипи кои влегуваат како големи фаворити.
Башкими, тим кој е во налет и моментално се наоѓа на втората позиција на табелата, гостува во Струмица кај Беласица.
Во продолжение можете да ги видите сите двојки од денешното 19.коло:
ДВОЈКИ ЗА 19.КОЛО – ДЕНЕСКА 14 Ч
Охрид: Охрид – Вардар (Н)
Струмица: Беласица – Башкими
Гостивар: Арсими – Победа
Скопје: Македонија ЃП – Новаци
Велес: Борец – Саса
Штип: Брегалница – Вардарски
Радовиш: Детонит – Осогово
Гевгелија: Кожув – Скопје
ТАБЕЛА
Македонија ЃП 41, Башкими 39, Брегалница 37, Арсими 33, Саса 31, Детонит 29, Охрид 28, Кожув 27, Скопје 26, Беласица 22, Победа 21, Новаци 20, Вардар (Н) 20, Осогово 10, Борец 7, Вардарски 5…