Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, повторно ќе го повика во нашиот национален тим Агон Елези од екипата на Горица. Интернационалецот во Хрватска имаше одлични настапи од почетокот на оваа година и повторно се најде на списокот на Милевски за првите квалификациски мечеви за Сп 2026.
Македонија ги стартува квалификациите кон крајот на овој месец со гостување кај Лихтенштајн, а потоа не очекува и домашен натпревар против репрезентацијата на Велс.
Елези не беше повикан за средбите од Лигата на нации, а последен пат со репрезентацијата беше во јуни минатата година на контролата со Чешка.