ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Две „бомби“ и реми во Мадрид, Арсенал го „гази“ ПСВ

109

Големото градско мадридско дерби во осминафиналето на Лигата на шампионите донесе одлични 45 минути и два гола. Фудбалерите на Реал (М) поведоа уште во 4. минута со голот на Родриго, откако катастрофанла грешка направи Галан кон му дозволи на Бразилецот лесно да го помине во шеснаесетникот и да упати удар кон голот на Облак. По половина час игра, Реал како да се повлече, а тоа веднаш со пристисок го искористија гостите. Еден фантастичен гол на Хулиан Алварез на Атлетико му донесе израмнување на 1:1, резултат со кој се замина на одмор.

Во Дортмунд Борусија по првиот дел води со 1:0 против Лил. Стрелец на голот беше Адејеми.

Најубедлив во првиот дел беше Арсенал. „Топчииите“ доминираа во Ајндховен и успеаја во краток период да поведат со 0:3 со головите на Тимбер, Нваниери и Мерино. Гол-надеж за домашните дојде од белата точка, кога Ланг намали на 1:3.

ПретходноПикси го објави списокот за дуелите против Австрија
СледноЕнтони не се враќа на „Олд Трафорд“, бара договор со Бетис