Новото раководство на РФМ вети премија за ракометарите за победа над Словенија

116

Новиот претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Александар Стефанов, на денешниот прв состанок на новиот Управен одбор на РФМ предложи нова премија за машката ракометна репрезентација, доколку оствари победа над Словенија во квалификациите за Европското првенство во 2026 година.

Македонија ќе игра со Словенија на 12 март, а ако победат ракометарите ќе поделат пренија од 1.000.000 денари. Предлогот на Стефанов, новиот Управен одбор едногласно го прифати.

Собирот на Македонија за мечот против Словенија е закажан на 9 март.

ПретходноБаерн го повлекува дресот со број пет
СледноЉафтов и Јошко го однесоа ПАОК во трка за титулата во Грција