Пикси го објави списокот за дуелите против Австрија

143

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ денеска го објави поширокиот список на фудбалери на кои ќе смета за претстојните дуели против Австрија. Истите се играат во рамките од баражот за опстанок во А дивизијата во Лигата на Нациите. Првиот дуел се игра во Виена на 20 март, а вториот три дена подоцна во Белград.

Селекторот Стојковиќ не може да смета на Александар Митровиќ поради повреда, а поради суспензија од жолти картони во „аут“ се Страхиња Павловиќ, Никола Миленковиќ, Андрија Живковиќ и Алекса Терзиќ.

ПретходноАстон Вила се враќа со победа од Белгија и чекори кон четвртфиналето
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Две „бомби“ и реми во Мадрид, Арсенал го „гази“ ПСВ