Првиот меч од квалификациите за ЕП 2026, македонската ракометна репрезентација ќе го одигра пред полни трибини. Според најновите информации, комплетниот капацитет на арената „Борис Трајковски“ е распродаден, па нашите ракометари ќе имаат громогласна поддршка од трибините.
По одличниот настап на последното СП, нашите ракометни фанови со нетрпение го чекаа домашното претставување на момците на Лазаров. Средбата со Словенија е закажана на 12 март со почеток од 20 часот.