Стоилов има скинати лигаменти

272

Македонскиот младински репрезентативец до 17. години Ристе Стоилов има потешка повреда. Играчот на српски Минералац, инаку филијалата на Црвена Звезда, има скинати предни вкрстени лигаменти, и ќе мора да замине на операција. Тој се повреди на еден од последните мечеви пред да дојде на повик на репрезентацијата на Македонија, а подоцнежните прегледи покажаа дека се работи за најлошата варијанта на повреда. Операцијата е закажана за 14. овој месец.

Со ова дефинтиивно нашата У17 репрезентација ќе биде ослабена на претстојниот квалификациски турнир во Шкотска, каде освен со домаќинот ќе играме и против Лихтенштајн односно Романија.

 

ПретходноЛШ 1/8 финале: “Бернабеу“ ќе гори, Мадрид ќе гори! Време е за “Мадрилењо“!
СледноРечиси цела кариера ја мина во Реал, ама некогашната ѕвезда на Барса му е како брат!