Торино почна преговори за откуп на договорот на Елмас, но има еден услов!

722

Италијанските медиуми на долго и на широко пишуваат за интересот на Торино да го откупи договорот на нашиот репрезентативец, Елиф Елмас. Според „Тутомеркато“, директорот на Торино, Давиде Вањати веќе започнал разговори со Лајпциг за да го откупи Елмас, кој веќе покажа дека е важен за играта на тимот. Торино побарал од Лајпциг да ја спушти цената за Елмас на околу 17 милиони евра.

Според медиумите, Торино, сепак, ќе мора да направи еден конкретен чекор пред да го потпише Елмас. Имено, клубот мора да ослободи средства за евентуалниот откуп на договорот на Елмас, а тоа пред се зависи од продажбата на српскиот фудбал Илиќ. Илиќ беше пред заминување во Русија во Спартак Москва, но оваа зима трансферот пропадна. Тоа значи дека летово најпрво Илиќ треба да си замине од Торино, па Елиф да потпише договор со „биковите“.

ПретходноЕлези се враќа во репрезентацијата за првите средби од квалификациите за СП 2026
СледноРегионалните фудбалски федерации договорија заедничка соработка за развој на фудбалот во регионот