Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 3 до 12. март ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за пласман на Европско првенство.
Избраничките на Катерина Милески се наоѓаат во групата 6 од Б лигата во рамките на 2 рунда заедно со Молдавија и Словенија.
Првиот дуел од турнирот го играме со Молдавија, на 6. март на тренинг центарот „Петар Милошевски” со почеток во 13. часот. На 12. март на истиот стадион, од 11.часот играме со Словенија. Меѓусебната пресметка, Молдавија и Словенија ќе ја одиграат на 9. март, со почеток во 13. часот.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 17 години, Катерина Милеска за претстојниот квалификациски турнир во Скопје, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Теа Сапунџиев Истатов
Евгенија Вељановска Скопје
ОДБРАНА:
Тамара Лазеска Ас Јунајтед
Мила Панева Скопје
Андреа Коловска Истатов
Ема Нановска Истатов
Александра Ристевска Топ Гол
Канита Емини Истатов
Блехана Алиевска Скопје
СРЕДЕН РЕД:
Ноелле Митревски Нитрос Торонто, Канада
Јована Каралиоска Скопје
Теона Галабовска Тиверија
Елена Мацевска Ас Јунајтед
Ева Величковска Љуботен
Ана Марија Цветкоска Лангхус, Норвешка
НАПАД:
Калина Попески Милутинац
Елена Наумоска Скопје
Меланија Грозданова Истатов
Настасја Накова Љуботен
Розита Пецева Тиверија