Ноќеска нешто после полноќ, како што пренесуваат медиумите во Хрватска, била фрлена бомба која експлодирала во дворот на најпознатиот хрватски менаџер или агент ако сакате, Енди Бара. Тој е поранешен фудбалер а сега важи за еден од најпознатите менаџери во фудбалска Европа. Токму тој е виновен што еден Дани Олмо на времето дојде во Динамо Загрен и уште важи за еден од блиските соработници на шпанската мега – ѕвезда која сега игра во Барселона.
Инаку повредени нема, но затоа има материјална штета. Засега нема детали за сторителите, истрагата е во тек како што се пренесува од Загреб.