Со победата над Кифисија од 3:0 во последното коло од регуларниот дел на грчкото одбојкарско пренство, екипата на ПАОК предводена од најдобриот македонски стратег Јошко Миленкоски, и еден од најдобрите одбојкари во тимот, нашиот репрезентативец Александар Љафтов, повторно е во трка за титулата.
ПАОК беше доминантен во последното коло на домашен терен во мечот кој директно одлучуваше за четвртото место на табелата кое води во полуфиналето на плеј-офот. На крилата на Љафтов кој уште еднаш беше прогласен за најдобар играч во составот од Солун, тимот на Миленкоски обезбеди потребна победа за полуфинале. Љафтов со 13 поени, кои дојдоа од 9/21 напад, 3 аса и 1 блокада, но и со 60% успешност на прием беше сосема заслужено прогласен за МВП на мечот.
Утре ПАОК го чека четвртфинале во грчкиот Куп против Милон.