Барселона нема да се врати на својот стадион „Камп Ноу“ до крајот на оваа сезона, како што беше претходно планирано, пишува каталонскиот весник „Спорт“.
Изградбата на Камп Ноу не напредува доволно брзо за Барса да му се врати до крајот на оваа сезона.
Каталонците се надеваа дека ќе го дочекаат Реал Мадрид во Ел Класико во мај на нивниот реновиран стадион, но доцнењето на градежните работи значи дека големото дерби најверојатно повторно ќе се одржи на Олимпискиот стадион Монжуик, каде Барса игра веќе извесен период.
Идејата на Барселона беше да се врати на својот стадион кој ќе има намален капацитет од 60.000 гледачи, но засега е одлучено да се чека изградбата на целиот објект во кој ќе се сместат над 100.000 луѓе.