Во четврток од 20.45 часот нова ракометна фешта во Битола. Доаѓа големиот и ѕвезден тим на ПСЖ со Раул Гонзалес, некогашниот селектор на Македонија и тренер на Вардар со кој ја освои титулата во ЛШ. Ова ќе биде меч од 14.коло во Лигата на Шампионите. Интересот е огромен, токму затоа и сите билети за салата “Боро Чурлевски“ се распродадени. На трибините ќе нема ни игла каде да падне што се вели.
Ракометна Битола е подготвена за вистински спектакл!
Уф, каков ли ќе биде тоа меч за ракометно уживање, Филип Кузмановски, Никола Митревски и другарите против мега -ѕвездите на ПСЖ?
Нема што, Битола е во ракометен транс!