Бошко Ѓуровски ја доби наградата за животно дело од Црвена звезда

110

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Бошко Ѓуровски, е добитник на наградата за животно дело на Здружението на спортови „Црвена звезда“ кое денеска го прослави својот 80-ти роденден. Ѓуровски изјави дека е многу горд што поминал долги години во Црвена звезда, и како играч и како тренер, и се заблагодари на управата што му ја препознала љубовта кон „црвено-белите“.

Ѓуровски мина 11 години како играч во фудбалскиот клуб, беше тренер на тимот во 2017 година, а претходно во два наврати беше помошник тренер.

„Многу сум горд, чест ми е што поминав толку години во Црвена звезда. Признаена е мојата лојалност и мојата љубов кон Звезда, им благодарам на раководството на спортското друштво и фудбалскиот клуб што ми ја доделија оваа награда. Влегов во кругот на величествените и срцето ми е навистина полно, ги остварив моите соништа“, изјавил Ѓуровски.

ПретходноЕнтони не се враќа на „Олд Трафорд“, бара договор со Бетис
СледноКонсеисао: Неколку фудбалери на Милан се премногу дебели!