Бугарија остана без фудбалски селектор

64

Бугарските медиуми денеска пренесуваат дека досегашниот селектор на нивната фудбалска репрезентација, Илиан Илиев си поднел оставка. И тоа не не во живо, туку по електронски пат. Тој веќе извесно време е во конфликт со раководството на федерацијата поточно со претседателот Атанас Караиванов, а Левски и Лудогорец и по писмен пат побараа негова смена. Поради судир на интереси, затоа што Илиев во исто време е и тренер на тимот на Черно Море.

Сега бугарската јавност е во исчекување дали Извршниот одбор на федерацијата ќе ја прифати оставката на Илиев. Бугарскиот фудбал особено оној репрезентативниот има големи проблеми, па оваа ситуација не изненадува никого.

 

ПретходноПрвите луѓе на ФФМ на состанок на фудбалските асоцијации од југоисточна Европа во Сараево
СледноУапсен некогашниот репрезентативец на Хрватска и шампион со Динамо