Ставре Јада 107. на трката на 10 км класичен стил на СП во Трондхајм

62

Македонскиот нордиец Ставре Јада го освои 107-то место на трката на 10 километри класичен стил на Светското првенство кое се одржува во Трондхајм, Норвешка. На денешната трка, пласманот за Јада значеше и освојување на 231 фис поен, со кои уште еднаш ја потврди квотата за учество на Зимските олимписки игри во Милано.

Ако се биде според планот, Јаде ќе биде македонски нордиец кој следната година по третпат ќе ја претставува Македонија на најголемиот спортски настан во светот во зимски спортови.

 

ПретходноРегионалните фудбалски федерации договорија заедничка соработка за развој на фудбалот во регионот
СледноАстон Вила се враќа со победа од Белгија и чекори кон четвртфиналето