Македонскиот младински репрезентативец до 17. години Ристе Стоилов има потешка повреда. Играчот на Црвена Звезда кој што игра во моментов за тимот на Минералац, има скинати предни вкрстени лигаменти, и ќе мора да замине на операција. Тој се повреди на еден од последните мечеви пред да дојде на повик на репрезентацијата на Македонија, а подоцнежните прегледи покажаа дека се работи за најлошата варијанта на повреда. Операцијата е закажана за 14. овој месец.
Со ова дефинтиивно нашата У17 репрезентација ќе биде ослабена на претстојниот квалификациски турнир во Шкотска, каде освен со домаќинот ќе играме и против Лихтенштајн односно Романија.