Денеска тимот на Вардар ја доби градската пресметка против Работнички. Конечните 0:2 се дело на Едис Спахиу и Мато. Двата новитети кои зимава пристигнаа како големи засилувања.
Вардар сега е над опасната зона, што е примарна цел во овие почетни пролетни кола. Четири меча без пораз, четири меча без примен гол, нешто што ретко кој му го предвидуваше на Вардар по она што му се случуваше есеноска.
Затоа, радоста е голема по денешниот триумф. А заедничката фотка нека биде традиција по секој триумф пролетва.